• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

НОВА '20 - автобус

БЕЛГРАД - НОВИ САД - СОМБОР (5)

29.12.19 Поаѓање за Белград од пред агенција во 24.00 ч. Патот води преку граничниот премин Табановце со попатни одмори.


30.12.19 Пристигнување во Белград во утринските часови, разглед на градот со локален водич: плоштадите Теразије, Славија, храмот Св. Сава, булеварот на Револуцијата, Калемегдан каде ќе се видат: Воениот музеј, Споменикот на победникот... Сместување во хотел. Слободно време за прошетка по улицата Кнез Михајлова. Ноќевање.


31.12.19 Појадок. После појадокот посета на трговскиот шопинг центар Ушче, слободно време во центарот на Белград. Можност за факултативно крстарење со сплав по Сава и Дунав. Дочек на Новата 2020 г. на плоштад со богата музичка програма . Ноќевање.


01.01.20 Појадок. Факултативен целодневен излет до Нови Сад - разгледување со локален водич: улицата на Јован Ј. Змај, Дунавската улица - пешачка трговска зона, Владичанскиот двор, плоштадот со Градското собрание и католичката црква, Петроварадинската тврдина... Продолжување за Сомбор, кратка обиколка на центарот на градот па потоа се оди на “Салаш” - пречек со домашна ракија, богат салашки ручек со специјалитети на Војводинската кујна и домашни неограничени пијалоци во незаборавен амбиент придружуван од тамбурашка музика. Вечерта поаѓање за Македонија и пристигнување во раните утрински часови на 02.01.2020.   

 

ЦЕНА: 5600 денари


Во цената се вклучени следните услуги:

- автобуски превоз на дадената релација

- сместување во хотел Слодес со 3* - 2 ноќевања со појадок

- разгледување на Белград со локален водич

- организација и водство на аранжманот


Во цената не се вклучени следните услуги

- здравствено патничко осигурување - 150 денари

- целодневен излет до Нови Сад, Сомбор и ручек со тамбурашка музика на Салаш со неограничено пиење и јадење - 30 €

- крстарење по Сава и Дунав – 10 €

- влезници за посетите во локалитетите и другите културни споменици.