• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

ХАНИОТИ "CALYPSO" 3* (14)

 

http://www.hotelcalypso.gr/

 

3* хотел "Calypso" е лоциран на главниот влез во Ханиоти, односно на 50m од плоштадот, опкружен до многуте барови, ресторани, продавници и на околу 150m од плажа. Хотел "Calypso" е декориран со традиционална грчка архитектура што го прави најдобар и најкаракеристичен хотел во Ханиоти. Со својот уникатен стил и удобности, Хотел "Calypso" Ви нуди чувство на приватност и релаксација...

Хотелски соджини: располага со 77 хотелски соби, од кои 60 Standard и 17 Superior или вкупно 170 легла. Собите се наоѓаат на високо приземје, први и втори кат, базен со две нивоа на длабочина, со лежалки и чадори, лоби бар покрај базенот со голем избор на пијалоци, ресторан во кој се служи појадокот, рецепција со лоби бар, Wi-Fi интернет (на рецепција)... 
Хотелско сместување: Standard собите се состојат од 2 редовни легла, а додека Superior собите имаат 3 редовни легла. Секоја од собите е опремена со мини фрижидер, клима, купатило со фен, крпи за раце и тело, TV, гардеробер, телефон, тераса со масичка и столчиња со поглед кон шеталиште, базен или море... 
Хотелски услуги: Појадок, (шведска маса), во ресторанот на хотелот. Чистењето на собите е секојдневно, менување на постелнина и крпи на 3 дена.

Максимално сместување:
 2 возрасни и 2 деца (1-во дете до 12 год. / 2-ро дете до 6 год.) или 3 возрасни лица.       


15% попуст за уплата до 01.02.2019  |  10% попуст за уплата до 01.03.2019  |  5% попуст за уплата до 01.04.2019

 

НАПОМЕНА

 -  Цените се дадени по лице за 7 ноќевања со појадок, без превоз;

-  ВB (ноќевање со појадок) | Појадок (шведска маса);

-  Цените се изразени во евра, за уплата во денарска противвредност 1€ = 62мкд.

-  При резервација задолжителна уплата на аконтација од 30%, во случај на откажување, уплатената аконтација не се враќа;

-  Baby cot - БЕСПЛАТНО, на барање;-  Трокреветните соби се на барање;

-  Клима - БЕСПЛАТНА;

-  Wi-Fi интернет - БЕСПЛАТЕН во лоби барот и покрај базенот;

-  Превоз од: Штип / Скопје / Куманово / Велес / Неготино / Гевгелија;

-  Автобусот ги остава/зема патниците на 100m од хотелот (на главниот влез кај Lemoni);

-  Можност за престој на денови и термини по сопствен избор!! (инфорации во агенција).

-  Еarly Booking попустите НЕ се комбинираат со други попусти.ПОПУСТИ И ДОПЛАТИ

 -  Дете до 6 години - БЕСПЛАТНО;

-  Дете од 6-12 години на дополнително легло - 75€ за цел престој, независно од терминот на сместување;

-  Трето возрасно лице на редовно легло во трокреветна соба - 105€ за цел престој, независно од терминот на сместување;

-  Доплата за туристичка такса - околу 1.50€ од соба од ноќ (се плаќа на рецепција);

-  Доплата за превоз: 35€ за возрасни / 25€ за деца до 12 год. Деца до 2 год. - бесплатно (без седиште);

-  Доплата за патничко осигурување - 150мкд / 300мкд за лица над 65 год.