VILA ARGO (12)

 

Неа Плагија е типично грчко приморско селце, од каде почнува прекрасна песочна плажа, долга околу 6-7 километри, се до Неа Модања. Малечко, интимно и мирно место, со љубезни домажини, кое во текот на летото а посебно во највисоката сезона е навистина полно и раздвижено, најмногу со семејства кои токму тука го гледаат идеалното место за вистинско уживање и одмор.
Апартманите „Арго“ се лоцирани кон крајот на ова селце, на само 3-40 метри од морето. Сите се четирикреветни дуплекси, со по две одвоени спални соби и посебна, комплетно опремена кујна, тоалет, клима, интернет и голема тераса со прекрасен отворен поглед кон морето.

 

ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ

Термин

Ноќевања

1/2

3. и 4. лице

21/05-28/05

7

4.030 (65)

2.170 (35)

28/05-04/06

7

5.270 (85)

2.170 (35)

04/06-11/06

7

7.130 (115)

2.170 (35)

11/06-18/06

7

7.750 (125)

2.170 (35)

18/06-25/06

7

8.990 (145)

2.170 (35)

25/06-02/07

7

10.230 (165)

2.170 (35)

 

СЕЗОНСКИ ЦЕНИ

Термин

Ноќевања

1/4 дуплекс

02/07-11/07

9

31.310 (505)

11/07-20/07

9

34.410 (555)

20/07-29/07

9

36.890 (595)

29/07-07/08

9

36.890 (595)

07/08-16/08

9

36.890 (595)

16/08-25/08

9

36.890 (595)

25/08-03/09

9

33.710 (535)

 

ВОНСЕЗОНСКИ ЦЕНИ

Термин

Ноќевања

1/2

3. и 4. лице

03/09-10/09

7

8.990 (145)

2.170 (35)

10/09-17/09

7

7.750 (125)

2.170 (35)

17/09-24/09

7

6.510 (105)

2.170 (35)

24/09-01/10

7

4.650 (75)

2.170 (35)

 

Напомени и услови:

  • Цените во табелите се објавени во денари и во евра, плаќањето на аранжманот е исклучиво во денари.
  • За сигурна резервација се подразбира исклучиво уплата на 30% аконтација во моментот на потпишување на Договор за патување, и целосна уплата најдоцна 7 дена пред започнување на аранжманот.Кој било друг начин на резервација (усно, телефонски или слично) е неважечки.
  • Вонсезонските цени се изразени по лице за пакет аранжман од 7 ноќевања и автобуски превоз.За аранжман со сопствен превоз (кај вонсезонските цени) се одбива по 620мкд. (10 евра) од цената за првото и второто лице, третото или четвртото легло се наплаќаат во целост.
  • Сезонските цени се изразени за наем на цело студио/апартман за  9 ноќевања
  • Термините во табелите се денови на започнување и на завршување на аранжманот.
  • Преземањето на собите започнува најрано во 14 часот по локално време првиот ден, а напуштањето на истите е најдоцна до 9 часот по локално време последниот ден од аранжманот. Ненавременото напуштање на собите може да биде причина за нарушување на одморот и комодитетот на клиентите кои треба да влезат во студијата/ апартманите во следниот термин.
  • Во собите е дозволено сместување на лица согласно со бројот на легла, т.е. исклучиво на лицата кои се наведени во ваучерот издаден од агенцијата. Во случај на сместување на повеќе лица од дозволеното, агенцијата или локалниот партнер на истата го задржуваат правото да не ги примат лицата кои не се наведени во ваучерот или за истите да побараат соодветен финансиски надомест.
  • Единствено е дозволено сместување на едно дете до 5,99 години над бројот на кревети во секое студио/ апартман 
  • Сликите кои се објавени на нашата веб-страница се само дел од севкупната понуда-содржина и истите служат за да се добие генерален впечаток за објектот, агенцијата не може и нема да гарантира сместување во прецизно одредена соба од објавените. Нашата веб-страница  е од информативен карактер, за сите детали и специфичности, задолжително информирајте се кај нашите вработени во канцелариите во Скопје на ул. 8 Ударна Бригада бр. 39 и во Куманово во локалитет Гарнизон, ул. Илинденска лок. 1- кат 1.
  • Агенцијата организира превоз со придружник-пратител на групата, до место кое е најпогодно за застанување и паркирање на автобусот а цената за истиот изнесува:
    • За возрасни 2.170 мкд. (35 евра)
    • За деца до 12 години 1.550 мкд. (25 евра) 
    • Деца до 2 години бесплатно,без седиште
  • Тргнувањето од Скопје е во 3 часот наутро (на паркингот спроти хотел „Холидеј ин“) а состанок на групата е во 2:30 минути.Тргнувањето од Грција е од место и време кои се договараат со придружникот-пратител на групата.
  • Клиентите кои не користат огранизиран превоз од агенцијата, т.е. оние кои патуваат со сопствен превоз се сместуваат индивидуално во собите, истите ги молиме да побараат точни информации за локација на сместувачките капацитети во нашите канцеларии. 
  • За хигиената во собите во текот на престојот се грижат самите клиенти.
  • Сопствениците на објектите го задржуваат правото при евентуално направена-причинета штета да извршат наплата за истата од клиентите кои се сместени во моментот.
  • Туристичката агенција „,Меридијан“ има потпишано договори за фиксен (гарантиран) закуп на капацитетите наведени во оваа понуда.
  • Цените објавени во табелите се конечни, без скриени трошоци. Одлуката за доплата на клима-уред, интернет и слично, кај одредени сместувачки капацитети е на сопствениците на објектите, т.а. „Меридијан“ ги објавува информациите според меѓусебно потпишаниот договор со истите.
  • т.а. „Меридијан“ не може да гарантира стабилност, брзина или коректност на интернет врската во кој-било објект од целата понуда.
  • Агенцијата го задржува правото да објави дел од слободните (непродадени) капацитети на промоција или Last Minute понуда, претходно направените и потврдени резервации нема да подлежат на какви било промени во цената.
  • Пред тргнување, Ве молиме да ја проверите важноста на своите патни исправи и задолжително да обезбедите патничко-здравствено осигурување, недостаток на истите не е одговорност на вработените во т.а. „Меридијан“ и на самата агенција. 

За овој аранжман важат Општите услови за патување на агенциите членки на СКТМ чиј член и еден од основачите е т.а. „Меридијан“.