• Бул. Ослободување
  • Лок. 8, 6250 Кичево

Полиси

ПАТНИЧКО ОСИГУРУВАЊЕ

 

Со патничкото осигурување се опфатени помош и осигурителни услуги наведени во договорот - полисата, кои произлегуваат од случаи што се поврзани со патувањето во странство: здравствена помош и осигурување, помош при патување или осигурување од незгода. Со оваа полиса се покриваат трошоците за потребната ненадејна итна медицинска помош, во случај на болест или незгода за време на патувањето и престојот во странство.

Осигуреник може да биде секое лице на возраст до 65 години кое патува во странство, но не за вршење на физичка работа. Лицата постари од 65 година плаќаат 100% од полисата.

Осигурувањето важи во сите земји во светот со исклучок на Р.Македонија.
За лицата кои не живеат во Р. Македонија осигурувањето не важи за земјата на нивното постојано живеење. За лицата кои постојано работат во странство осигурувањето не важи во земјата каде што работат.

Полисите за патничко осигурување се склучуваат пред да се отпатува во странство, односно пред да се аплицира за виза - за одредени земји со кои Република Македонија има визен режим. Повеќе можете да прочитате во делот за визи .